„Северен поток 2“ е прашање за живот или смрт за Украина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Суспензијата на проектот „Северен поток 2“ е прашање на живот и смрт за Украинците, вели директорот на украинската нафтена компанија „Нафтогас од Украина“, Андреј Кобоjeев. Доколку проектот заврши, Украина ќе биде незаштитена од руската агресија, тврди тој.

Додека транзитот на гас кон Западна Европа минува низ територијата на Украина, украинскиот транзитен систем ќе биде „дел од одбранбениот систем“, а промените во таа област ќе и наштетат на земјата, наведе тој.

„Тогаш, нашите ќе бидат далеку поранливи на руската агресија. И токму затоа, прекинувањето на „Северен поток 2“, без претерување, е прашање на живот и смрт за нашите граѓани “, напиша Кобоjeев на Фејсбук.

Да потсетиме, проектот „Северен поток 2“ подразбира изградба на две гранки на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

САД активно се борат против изградбата на гасоводот „Северен поток 2“, кој сака да го продаде својот течен природен гас на ЕУ. Соединетите држави воведоа санкции за гасоводот во декември 2019 година, како резултат на што швајцарската компанија „Олзис“ беше принудена да ги запре работите за поставување на цевките.

Украина, балтичките земји и Полска исто така се против гасоводот.

Работите продолжија по една година кога бродот „Фортуна“, против кој САД воведоа и санкции, постави 2,6 километри цевки во територијалните води на Германија.

Останува да се изградат нови 148 километри гасовод од вкупно 2.460 километри – од кои 120 километри во Данска и 28 во Германија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This