Северина преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на коровирусот. Во објавата, таа напиша дека нема никакви симптоми и дека за корона е тестиран и нејзиниот син Александар, кој добил негативен резултат. Таа му го предаде својот син на неговиот татко за да се само-изолира со него.
„Иако немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивен за КОВИД 19, додека тестот на мојот син е негативен.
Веднаш утрово, по контакт со епидемиологот, ги преземав сите мерки, веднаш го известив таткото на детето и во договор со него, му го предадов два дена пред назначениот датум, за да спроведам самоизолација.
Заради заедничка заштита на приватноста и избегнување на стигматизирање на детето, го прашав и таткото за дискреција. Сепак, 20 минути откако таткото го презеде детето, во српските медиуми се појавија вести дека сум заразена поради „забавување во Далмација со детето“.
Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...