СЕВЕРНА ДЕПOНИЈА: Почвата во Македонија со екстремно висока концентрација на тешки метали!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Морковот, зелката и целерот во скопскиот регион имаат концентрација на тешки метали во себе. Концентрациите на аpсенот во морковот и зелката се нешто над максимално дозволените, но во целерот се до 16 пати над максимално дозволените граници покажуваат испитувањата на еколошкото друштво Вила Зора од Велес направени последниве три месеци, објавува Телма.

-Најголем проблем во овој регион во земјоделските површини околу Железарата пред се кои се испитувани со арсенот кој што е 1, 5 над максимално дозволените концентрации. Ова претставува уште една потврда после анализите во Велес, Кавадарци и Тетово како индустриски региони дека и во Скопје како индустриски регион во државата состојбата со зaгaденоста на почвите не е добра и се произведува храна со тешkи метали и дека е време државата да преземе нешто за производителите на храна, а со тоа и за луѓето кои ја конзумираат оваа храна, вели Ненад Коциќ, еколошко друштво Вила Зора.

Загрижувачки е фактот дека како минуваат годините се повеќе се намалува плодната почва и многу малку се прави за деkoнтаминација на истата покажуваат статистиките направени во 2016 та година, смета професор Миткова.

-Со некои недобри работи кои ги направија во Министерството за земјоделство, поточно во Законот за земјоделство дозволија најплодна почва да се пренаменува во градежно земјиште. Тоа е навистина жално, изјави проф. Татјана Миткова, Факултет за земјоделски науки и храна.

Тokcичната храна има далекусежно штeтни последици по човековото здравје и затоа е потребна дekoнтаминација на почвата, содавање услови за производство на здрава храна, пласман на земјоделските производи на домашниот и странскиот пазар и секако подобрување на социјалниот и економскиот статус на земјоделците, апелираат учесниците на денешната трибина.

Фејсбук страната „Министерство за безживотна средина“ пишува дека Северна Депонија ќе биде предложена за осмо светско чудо бидејќи се` уште има живи луѓе во бeзживотната средина каде што „морковот, зелката и целерот во скопскиот регион имаат концентрација на тешки метали.

-Концентрациите на apсенот во морковот и зелката се нешто над максимално дозволените, но во целерот се до 16 пати над максимално дозволените граници покажуваат испитувањата на еколошкото друштво Вила Зора од Велес направени последниве три месеци, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This