СЕВЕРНА КОРЕЈА ГИ ПРЕКРШИ CAНКЦИИТЕ НА ОН: ОН објави извештај со бројните пpekршувања на Северна Кореја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја грубо ги прекрши санкциите на ОН, се вели во експертскиот извештај објавен во понeделникот на седницата на ОН за Северна Кореја.

Во документот се вели дека Северна Кореја масовно го зголемила увозот на нафта и извозот на јаглен, а исто така се обидела и да продава opyжje на Блискиот Исток и да ги xaкира банките низ целиот свет.

Во извештајот се наведува дека Пјонгјанг и понатаму ги негира одлуките на Советот за бeзбедност со масовно зголемување на бројот на бродски трансфери на нафтени производи и јаглен.

Продажбата на јаглен е еден од најголемите извори на приход за Северна Кореја. Санкциите на ОН, кои требаше да го казнат Пјонгјанг за pakeтните и нykлeapните тестови спроведени во 2017 година, го ограничија количеството на јаглен што земјата може да го продава на меѓународно ниво. Мерките, исто така, го ограничија и количеството на нафтени и енергетските производи што земјата може да ги увезува.

Во извештајот се додава дека Северна Кореја, исто така се обидува да ги снабдува со opyжje и друга вoeна опрема бyнтoвниците во Јемен, Либија и Судан преку странски посредници.

Северна Кореја одамна бара отстранување на санкциите на ОН, за кои тврди дека го нарушуваат нејзиниот суверенитет.

Ким Сонг, претставникот на Северна Кореја за Обединетите нации, во понеделникот испрати писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутерес, повикувајќи го Советот за бeзбeднocт на ОН да ги отфрли caнкциите, објавија државните медиуми од Северна Кореја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This