Северна Кореја лaнcиpaшe двe зaбpaнeти бaлиcтички paкeти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Северна Кореја денес лансираше најмалку два проектили за кои се сомнева дека се балистички ракети, потврдија за Ројтерс официјални лица од Јужна Кореја, Јапонија и САД.

Тоа е најголемиот севернокорејски инцидент откако американскиот претседател Џо Бајден ја презеде должноста во јануари.

Севернокорејските балистички ракети се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, а доколку лансирањето биде потврдено, тоа би претставувало нов предизвик за Бајденовите напори за соработка со Пјонгјанг, кои досега беа одбиени, објави Ројтерс.

Воениот штаб на Јужна Кореја потврди дека најмалку две „неидентификувани проектили“ биле испукани во морето од севернокорејската провинција Јужен Хамгионг на источниот брег.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека лансирањата претставуваат закана за „мирот и безбедноста во Јапонија и регионот“ и дека Токио тесно ќе се координира со Вашингтон и Сеул за тест-активностите на Северна Кореја.

Јужнокорејските и американските разузнавачки служби ги анализираат податоците за лансирањето за дополнителни информации, се вели во соопштението.

Американски официјални лица исто така потврдија за Ројтерс дека Северна Кореја извршила ново лансирање на проектили, без да понудат детали за видот на лансираното оружје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This