Северна Кореја сѐ уште тврди дека нема ниту еден заболен во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на пандемијата до сега во Северна Кореја се тестирани над илјада луѓе за корона вирусот, меѓу кои немало заразени лица..

Како што потврдува за „Си-Ен-Ен“ претставникот на Светската здравствена организација за оваа земја, Едвин Салвадор, од 16 јуни во Северна Кореја се тестирани 1.211 лица, а сите резултати биле негативни.

СЗО наведува дека тестирањето се врши во 15 лаборатории низ целата земја, додека Централниот хигиенски анти-епидемиски институт останува референтна лабораторија.

Властите во Северна Кореја исто така ја проверуваат температурата на граѓаните, а на сите јавни места, вклучително и трговските центри, рестораните и хотелите, се поставени средства за дезинфекција.

Информациите во врска со Ковид-19 се објавуваат на телевизија, радио, печатени медиуми, како и преку системи за јавно обраќање.

Сите образовни институции во земјата, вклучително и градинките, во моментов се на продолжен летен одмор што ќе трае наредните два месеци.

Салвадор соопшти дека во карантин се 696 работници во пристаништето Нампо на западниот дел од брегот и на преминот Синуиѕу-Дангдонг кој се наоѓа на границата меѓу Кина и Северна Кореја.

Зголемувањето на бројот на луѓе кои се во карантин се должи на зголемениот обем на транспорт на стока преку пристаништето Нампо и на граничниот премин Синуиѕу-Дандонг. Приоритет во транспортот на стоки е даден на лекови, вакцини и медицински производи поврзани со Ковид-19, соопшти претставникот на СЗО во Северна Кореја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This