April 24, 2024, 10:17 am

СЕВЕРНА ЌЕ НЕ ЧИНИ НАЈМАЛКУ 200 ЕВРА ПО ЧОВЕК: Понижувањето со промената на името ќе има и финансиски импликации за граѓаните!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку девет илјади денари би требало да одвои секое четири члено семејство со две малолети деца по менувањето на уставното име со цел да ги промени личните документи неопходни за извршување на секојдевните обврски и активности.

Сумата за двајцата родители би изнесувала околу пет додека за малолетни деца би требало да се одвојат четири илјади денари.

Нова патна испрва – пасош на која би го имало новото уставно име„ Република Северна Македонија“ чини 1500 денари за образецот и административна такса од 300 денари за родители на 27 годишна возраст и по 200 денари за деца од 4 до 18 години. Вкупно 3600 денари за родителите и 3.400 денари за децата доколку патната исправа се вади по редвна постапка, ако некој сака да ја забзра процедурата ќе треба да овои дополнителни 12.000 денари.

Во управата за водење на матични книги ќе биде неопходно да се уплатат четири уплатници од по 150 денари или вкупно 600 денари за нови изводи од матичната книга на родените за сите четири членови на семејството. Дополнително, за да имаат потврда дека се во брак во „Република Северна Македонија, родителите ќе мора да уплатат дополнителни 150 денари за извод од матичната книга на венчаните.

За нови лични карти со името Северна Македонија на образецот ќе мора да се одвојат по 190 денари за двајцата родители или 380 денари. Ако двајцата родители имаат возачка дозвола и за нејзината промена ќе мора да одвојат по 280 денари за образецот и 170 денари административна такса или 900 денари за двајцата родители. Во случај ако децата се полнолетни тоа би значело дека исто толку ќе треба и за нив да се плати.

Ако има потреба од итна постапка домашниот буџет ќе биде оптеретен со дополнителни 1120 денари. Промената за возачката книшка за казнени поени ќе чини по 100 денари. Дополнителен трошок е и промената на сообраќајната дозвола за автомбилот на семејството.

На овој список со основни документи се додаваат и здраствените легитимации со новото уставно име кои чинат по 50 денари или вкупно 200 денари од домашниот буџет за едно четири члено семејство.

Од владата во неколку наврати посочуваат дека промената на документите ќе биде во рок од пет години, но тоа не го променува фактот дека домшниот буџет на едно четиричлено семејство ќе биде скратено колку една минимална македонска плата.

Дали ќе треба промена и на сведителставата и уверенијата за завршено образование и во кој временски период тие треба да се променат се уште нема одговор. „Република“ испрати прашања до владата, но по поминати два дена одговор не добивме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This