СЕВЕРНА ANTE PORTAS: Грција во петок ќе гласа за влез на Северна во НАТО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протоколот за членство на Македонија во НАТО в четврток ќе биде доставен и ќе го разгледа надлежната Комисија за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, а во петок ќе се најде пред грчките пратеници на пленарна седница, по што ќе биде и гласањето, соопшти претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис, јави МИА од Атина.

Предвидено е и Комисијата и пленарната седница да траат по еден ден.

За да биде изгласан протоколот, потребни се 151 глас, а се очекува дека сите пратеници кои гласаа за ратификацијата на Договорот од Преспа, да го поддржат и членството во НАТО.

Дека премиерот Алексис Ципрас може да смета на сигурни 151 глас потврдува и писмената изјава на шесте пратеници кои делуваат како „независни“ со која нивните гласови бараат да се сметаат како гласови на СИРИЗА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This