СЕВЕРНО ИРЦИ ЌЕ ЈА ПРАВАТ МАКЕДОНИЈА ГРЧКА ПРОВИНЦИЈА: Заев со експерти од Северна Ирска ќе ја прават Македонија северна грчка провинција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата договорила експерти од Северна Ирска за спроведување на кампањата за референдумот за промена на името на државата Македонија во Северна Македонија.

Медиумите информираат дека познатата фирма за стратегиски комуникации од Северна Ирска, “Стратагем интернешнл“, ќе и’ помага на Владата во спроведување на кампањата за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Двете страни, како што веќе потврдиле од Владата, потпишале меморандум за соработка за консултантски услуги кои ќе овозможат “успешна“ јавна комуникација со граѓаните. Сметката, според информациите, ќе ја плати амбасадата на Велика Британија.

“Стратагем интернешнл“ е стратегиски консултант за политички работи и комуникации, со богато искуство во работењето низ целиот свет, а специјализирани се за сложени и несигурни средини. Едноставно кажано, специјализирани да водат специјални војни во суверени држави!

Колку за потсетување, Северна Ирска е дел од Обединетото Кралство со Велика Британија. Но, на истоимениот остров постои и држава Ирска!

Во случајов со нас, постои држава Македонија, на која Владата со референдум и промена на Уставот сака да и’ го смени името во Северна Македонија, претворајќи ја во нова држава од која ќе остане само територија под управа на Атина, без народ и без историја…

И, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, Спогодбата Димитров-Коѕиас претставува еднострана наредба на Атина за самоукинување на Македонската држава и нација, со неа Атина треба да стане администратор на нова држава! Со Спогодбата Димитров-Коѕиас, Атина добива право да бара санкционирање и забрана на секој проект, книга, истражување, мисла ако смета дека тоа значи иредентизам и ревизија на грчката политичка историја за Македонија. Атина добива право да изврши ревизија на македонската историја!

Затоа, меморандумот на Владата за кампањата за референдумот со познатата фирма за стратегиски комуникации од Северна Ирска – “Стратагем интернешнл“, за промена на името на државата Македонија во Северна Македонија, да не беше смешно, ќе беше трагично…

Пишува
Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This