СЕГА И БОЖИДАР ДИМИТРОВ САКА УЛИЦА СО НЕГОВОТО ИМЕ: По преименувањето на автопатот, и бугарскиот негатор на Македонија бара улица со негово име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот историчар, по средбата на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас во Давос, на која е договорено да биде преименуван меѓународниот аеродром во Скопје, изјави дека и тој е заслужен некој булевар, автопат или аеродром во Македонија да го носи неговото име.

„При овој бран од преименување, македонската влада треба да мисли не само за Грција, туку и на нас. Ако сака да им се допадне на Бугарите и на Бугарија со цел побрзо формирање на Комисијата која ќе ги изработи новите учебници и новите концепти за историјата на Македонија, редно би било да крстат булевар, автопат или аеродром со името на Божидар Димитров, кој направи доста, со книги, статии и филмови, за разоткривање на македонските лаги“ вели историчарот.

„Зоран Заев тоа го прави, за да им се допадне на Грците и грчката влада да се согласи со едно од имињата предложени од Метју Нимиц, кои го содржат името Македонија со придавка – северна, јужна, лева, десна, горна, Вардарска и т.н. “, изјавил Димитров за агенцијата „Фокус“ пренесува „Днес.бг“.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This