СЕГА И ДУИ БАРА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Бујар Османи смета дека сега е време за двојазичност и ја поздрави одлуката за затворање на „Југохром“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската унија за интеграција смета дека сега е вистинскиот момент за заокружување на прашањето за двојазична Македонија.

bujar

– Направен е голем напредок во насока на официјализацијата и употребата на албанскиот јазик во сите институции. Ние мислиме дека поради тој напредок, сега се исполнети условите за заокружување на мисијата за создавање на двојазична Македонија – изјави портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на првата редовна конференција за медиумите.

ДУИ исто така, го поддржува министерот за животна средина Башким Амети за неговата одлука за затворање на секоја фабрика која што би можела да влијае негативно врз здравјето на граѓаните, овојпат тоа се однесуваше на „Југохром“.

Тој рече дека министерот јасно дал на знаење дека, не само што не постои можност Југохром повторно да се отвори без поставување на филтрите туку, доколку истечат роковите определени за нивно поставување, тие ќе ја загубат целосно лиценцата.

-Силно го поддржуваме Амети да продолжи со неговата политика за заштита на здравјето на граѓаните. Се разбира дека имаме разбирање и за вработените, затоа и ги покануваме компаниите и институциите да направат пакет за заштита на овие граѓани, додека компанијата да ги постави филтрите и повторно да започне со работа – рече Османи.

-15 илјади активисти на ДУИ, организирани во групи го посетуваат секој дом и секое семејство, за да ги информираат граѓаните да бидат дел од заокружувањето на оваа мисија почната со војната во 2001 година, која треба да заврши со три цели, економска благосостојба, целосна рамноправност и завршување на интеграционите процеси – изјави Османи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This