April 27, 2024, 12:55 am

„СЕГА ЈАС СУМ ВО ЗАБАВНА ФАЗА“: Анџелина Џоли сака да оди во панк клубови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли за британското списание Hello раскажува како децата , од кои повеќето се тинејџери ја смениле.

Од шесте деца , кои Анџелина ги посвои заедно со Бред Пит , само близнаците Вивиен и Нокс имаат 11 години , додека другите се постари. најстариот Медокс , замина на факултет во Јужна Кореја , а таа вели дека се повеќе сака да се идентификува со тројцата тинејџери Пакс , захари и Шилоу кои имаат 15 , 14 и 13 години.

,,Кога децата се мали, се чувствувате повеќе како „мама“. Кога тие стануваат тинејџери, тогаш почнувате да се сеќавате на вас на таа возраст. Ги гледам како излегуваат во панк клубови и се прашувам зошто не можам да одам со нив. Сега, јас сум во забавна фаза “, рече таа.

Џоли повторно се фокусира на актерството, по неколку обиди за режија, што траело премногу време и ја одвојувало од семејството.

– Во моментов повеќе глумам, бидејќи не можам да бидам со моето семејство онолку колку што би сакала кога режирам. Едноставно, за режија е потребно многу време и треба многу повеќе напор.

Анџелина сака да ги носи децата со себе на снимање. Таа вели дека тие имаат шанса да ја видат сосема поинаквата нејзина страна , пренесува Дејли Меил.

,,Тие одлично се снаоѓаат на снимање. Но, кога ме гледаат како нешто глумам нешто глупаво, за нив е смешно затоа што многу добро ме познаваат … Тие се навикнати да ме гледаат како мајка во бањарка која не знае да направи добар појадок. Но, интересно е затоа што е различно и секоја снимка ве запознава со нов свет, носи различна култура, различно место…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This