СЕДИШТЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ПРОЦЕНЕТО НА 10 МИЛИОНИ ЕВРА: Најавата за продажба или издавање на штабот, причина за замрзнување на имотот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ редовно ги сервисира обврските кон Комерцијална банка за кредитот којшто партијата го подигна пред парламентарните избори 2016 година, за што како хипотека го заложи партиското седиште, кое е дел од имотот замрзнат од Кривичниот суд по барање на СЈО, пишува „Независен“.

Ова за „Независен“ го потврдуваат од банката, од каде што ги демантираат одредените информации дека се одржал состанок меѓу двете страни за активирање на хипотека над партиското седиште. Од банката, како што одговориле во дописот, не биле во можност да одговорат колку точно изнесувал кредитот, со оглед на тоа дека податоците и информациите поврзани со клиентите претставуваат деловна тајна, иако во јавноста излезе информацијата дека кредитот е три милиони евра.

Од Специјалното обвинителство завчера прецизираа дека постојат две причини зошто побарале имотот, односно вкупно 69 недвижнини да се замрзнат. Првата е најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека постои можност централата да биде продадена или издадена.

Втората причина е продажбата на стан во Кисела Вода во Скопје на почетокот од годинава во вредност од 100 илјади евра. Според проценките на СЈО, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е проценет на околу 14 милиони евра, додека другите недвижности на 3,5 милиони евра. Замрзнувањето на имотот е дел од истрагата „Талир“ за која СЈО има сомнежи дека преку партиската каса се переле пари. Осомничени се 14 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This