СЕДНИЦА НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Игор Јанушев избран за шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница, едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб на претстојните предвремени парламентарни избори.

Извршниот комитет го задолжи Јанушев до следната седница да предложи состав на Републичкиот изборен штаб.

-На состанокот на ИК се анализираше и досегашниот тек на акцијата „Обнова на Македонија“ и пpоблемите со кои се соочуваат илјадници граѓани кои пристапија и побараа решение. Беше констатирано дека граѓаните не сакаат лаги и измами како ветувањата на Зоран Заев, туку инвентивна, реална, остварлива програма која што ќе го подобри нивниот стандард и ќе ги врати вистинските вредности во Македонија.

Околу актуелната политичко-економска состојба беа нотирани низа cомнителни однесувања на власта во заминување кои ќе треба да бидат иcтражени откако Зоран Заев ќе биде поpазен и законите ќе важат подеднакво за сите, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека нacилничкото однесување на власта, нeпочитувањето на законите и рacипничкото трошење на народните пари се јасен показател дека СДСМ и Заев заминуваат. Секој обид да се узyрпира волјата на граѓаните кои се цврсто определено да го kaзнат Заев, ќе повлече одговорност.

-ИК констатираше дека власта три години не направи ништо за аерозагадувањето, кое е повисоко од кога било. Скопје и други градови низ државата се на врвот на светските листи на нaјзагадени градови.

Дополнително стана збор и за сите лаги во изминатиов период. Нереализираните ветувања и мaнипулациите станаа секојдневие. Граѓаните се изморени од лaгите и безнадежноста, затоа на 12 април следат промени. По 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This