March 29, 2024, 10:53 am

Седница на Собранието: На дневен ред Законот за администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието денеска треба да ја одржи 116 седница на чиј дневен ред, меѓу другите, е Предлог законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање за Проектот за изградба на Автопат – делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

sobranie

Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за спортот, по скратена постапка.

На оваа седница се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка; како и Предлог законот за изменување на Законот за електронско управување и електронски услуги, по скратена постапка.

Во рамките на оваа седница се и Предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија, во прво читање, како и Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, исто така во прво читање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This