Седници на четири собраниски комисии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за еднакви можности на жените и мажите, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

 

На Комисијата за одбрана и безбедност треба да се расправа по   Предлог – одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската Унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

На дневен ред на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
е Годишниот извештај  за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2015 година.

Комисија за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, пак, треба да го разгледаат Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за банките, во прво читање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This