April 25, 2024, 12:59 am

Седумнаесет држави добиле пратка со иста серија вакцини чија употреба е запрена во Австрија поради cмртeн случај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија е една од 17-те европски земји кои добиле дози од серијата вакцини на АстраЗенека, чија употреба ја запреа австриските власти поради истрага на смртен случај и болест по нивната употреба, изјави денеска висок здравствен службеник, пренесува Хина.

Медицинска сестра (49) во Цветл, град северозападно од Виена, починала од сериозно нарушување на коагулацијата на крвта откако ја примила вакцината. Друга медицинска сестра (35) од Цветл која добила доза од истата серија, АБВ 5300, развила белодробна емболија и сега се опоравува.

– Ги информиравме сите европски колеги во европската мрежа затоа што оваа серија, составена од приближно еден милион дози, испратена е во 17 европски земји, рече Криста Виртумер-Хош, шефица на телото за надзор на пазарот на лекови на австриската агенција за јавно здравје AGES.

– Комитетот за проценка на ризик од фармаковигилантност на Европската агенција за лекови (PRAC), кој ја надгледува безбедноста на лековите, вчера расправаше за случајот во понеделникот, појасни Вуртумер-Хошр, која е и претседател на управниот одбор на ЕМА.

Таа не ги идентификуваше земјите и не кажа какви чекори преземаат. АстраЗенека соопшти дека е во контакт со австриските власти и дека целосно ќе ја поддржи истрагата.

Англо-шведската компанија соопшти дека сите серии биле предмет на строга и ригорозна контрола на квалитетот и дека „нема потврдено никакви сериозни несакани дејства поврзани со вакцините“.

Се прави аутопсија врз телото на медицинската сестра, а Криста Виртумер-Хош соопшти дека очекува резултати следната недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This