СЕДУМ ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА: Јавно обвинителство притворило седум лица, за 14 бара притвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За едно лице се определени мерки на претпазливост

obvinitelstvo-1-715x400

Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично започна постапка поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“од член 384 од Кривичниот законик.

Во моментов, седум од лицата се лишени од слобода, соопштија од Обвинителството.

– Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за четиринаесет од осомничените предложи до судија на претходна постапка да им биде определена мерка притвор. За едно лице е предложено определување на мерки на претпазливост – се вели во соопштението.

Од ОЈО додаваат дека истрагата на обвинителството продолжува во насока на целосно расветлување на кривично – правниот настан.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This