СЕДУМ ОПШТИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ НА СДСМ СЕ КРЕВААТ НА НЕПОСЛУШНОСТ И МУ ПОРАЧУВААТ НА ЗАЕВ: Откажи се од платформата или следува колективна непослушност“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

7 општински организации на СДСМ од Источна Македонија се креваат на непослушност против раководството на СДСМ и Зоран Заев.

sopsteniesdsm

Порталот Журнал.нет објави дека до нив пристигнало писмо чија што веродостојност се уште не е поткрепена, но од она што може да се види е дека 7 општински организации на СДСМ од Источна Македонија се креваат на непослушност против раководството на СДСМ и Зоран Заев.

-Дека врие во општинските организации на СДСМ, а основата на тоа е Тиранската платформа покажува алармантното писмо во кое се изразува несогласување на повеќе општински организации предводени од основачи и стари членови. Тие ваквото писмо го пишуваат како резултат на растечкото незадоволство на членовите и граѓаните и дека со тквиот чекор се оди против самата СДСМ и се рушат трајно нејзините позиции. И дека тоа е неодбранливо на подолг рок, пишува Журнал.

Тие во писмото се против прифатената декларација за осуда на геноцид, бидејќи со тоа се сее гранката на која стои СДСМ и на која се повикува, а тоа е сојузот на комунисти.

Потоа исто така во писмото се посочува и опасноста од прифаање на двојазичност како проверен рецепт за менување на етничката карта во Иточна Македонија по рецептот на Западна Македонија.

-Да не се заборави дека СДСМ е партија која се повикува на асномското наследство и претставува продолжение на Сојузот на комунисти на Македонија. Прифатената декларација за геноцид преставува сечење на гранката на која СДСМ се основа и потпира. Во писмото стои дека сепак СДСМ треба да е патриотска партија. Оганизациите на СДСМ бараат безулсовно окажување и осуда на сето тоа од Заев, во спротивно ќе прогласиме непослушност на одлуките на Претседателот и раководството кое ќе ги поддржи овие барања. Притисокот од членството е голем” стои во писмото на 7 општински организации до Заев, пишува Журнал.

Сето ова се надополнува со информациите кои претходно беа објавени во медиумите дека има огромно незадоволство и меѓу членовите на СДСМ во огромен број на општински организации и дека на овој начин се врши колективно редефинирање на државата.

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This