СЕДУМ РАКУВАЊА КОИ ГО ПРОМЕНИЈА СВЕТОТ: Како едноставно ракување и пријателска насмевка може да ги реши и најголемите конфликти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

1.Роналд Реган и Михаил Горбачов, 1985

Ова ракување претставува прва средба меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов на 19 ноември 1985 година. Двајцата водачи се состанаа во Женева за првпат да одржат разговори за меѓународните дипломатски односи и трката за вооружување.

2. Андреас Папандреу и Тургут Озел, 1986

Пред ова ракување, односите меѓу Грција и Турција и беа непријателски, а земјите се бореа во четири современи војни. Кога грчкиот премиер Андреас Папандреу и турскиот премиер Тургут Озел се поздравија на Европскиот симпозиум на 2 февруари 1986 година, тоа го означи затоплување на односите што можеби беше помалку трајно отколку што првично сите се надеваа.

3. Јицак Рабин и Јасер Арафат, 1993

Се чувствуваше како пресвртница, но се покажа дека е повеќе затишје: израелскиот премиер Јицак Рабин и водачот на Организацијата за ослободување на Палестина, Јасер Арафат, се ракуваа под гордиот надзор на американскиот претседател Бил Клинтон по потпишувањето на мировниот договор во Белата куќа на 13 септември 1993 година.

4. Нелсон Мандела и Фредерик Вилем де Клерк, 1994

По 46-годишниот апартхејд, Нелсон Мандела беше избран за прв црн претседател на Јужна Африка. Тој се ракуваше со неподготвенио претседател во заминување, Фредерик Вилем де Клерк во Преторија на 10 мај 1994 година.

5. Кралицата Елизабета Втора и Мартин МекГиннес, 2012

Тоа беше конфликт кој чинеше илјадници животи, вклучувајќи го и братучедот на кралицата. Значи ракувањето на британската кралица Елизабета Втора со заменик министерот на Северна Ирска – и поранешниот водач на ИРА – Мартин МекГиненес во Белфаст на 27 јуни 2012 година, беше навистина важен момент.

6. Раул Кастро и Барак Обама, 2016 година

Со години САД и Куба беа непријатели. Се до моментот кога американскиот претседател Барак Обама се ракуваше со претседателот на Куба, Раул Кастро, на погребот на Нелсон Мандела. Тоа доведе до официјална посета на Куба од страна на Обама и серија ракување помеѓу двајцата лидери. Ракувањето на сликата е во Хавана на 22 март 2016 година.

7. Доналд Трамп и Емануел Макрон, 2017

Американскиот претседател Доналд Трамп е познат по неговите продолжени, принудени ракување. Пред самитот на НАТО во Брисел на 25 мај, 2017 година, францускиот претседател Емануел Макрон одви да ја пушти раката на Трамп, и покрај два обиди на Трамп да ја пушти неговата. Макрон подоцна изјави за Политико дека овој потег е намерна игра на моќ: “ние треба да покажеме дека нема да направиме мали отстапки, дури и симболични”, рече тој.

8. (Бонус) Ким Џонг-Ун и Мун Џае-Ин, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This