Сеизмолозите предупредуваат: На Балканот следи затишје, а потоа други силни земјотреси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Серијата земјотреси што деновиве ја погодија Хрватска ги почувствуваа и жителите на околните земји, а според српските сеизмолози, реално е да се очекуваат нови земјотреси на Балканот во наредниот период.

Како што пишува српскиот портал „Мондо“, може да се очекува дека во наредните години ќе дојде до силни потреси на целиот Балкан иако такво нешто речиси сигурно нема да се случи во следниот месец.

Сеизмологот Славица Радовановиќ вели дека овие силни земјотреси укажуваат дека на тоа подрачје се собрало големо количество на сеизмичка енергија и дека рамнотежата е кревка, што значи дека еден земјотрес веднаш предизвикува друг.

Таа истакнува дека, сепак, тоа не е невообичаено затоа што порано во тој сеизмички простор исто така имало силни земјотреси. Како пример, таа наведува земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, кој се случил во 30-тите години на минатиот век во Република Српска, а на кој му претходеле и послаби земјотреси.

Италија ротира кон Балканскиот полуостров и врши притисок врз јадранскиот брег, каде има најсилни земјотреси на Балканот. Тие се случуваат во Хрватска, Црна Гора, Албанија, но имаат и пошироко влијание. Тоа е првиот фронт – вели Радовановиќ додавајќи дека најсилните земјотреси се случуваат во крајбрежниот дел.

Сеизмологот верува дека во следните неколку години ќе има уште посилни земјотреси на Балканскиот полуостров.

Kога ќе се случи ваков силен земјотрес, тоа речиси со сигурност заначи дека никој нема да биде повторно загорозен барам во рок од еден месец. Во следните години ќе се види во кој правец ќе се одвива овој процес. Дали ќе оди кон Алпите или ќе оди кон централна БиХ или паралелно и кон Србија и Далмација? Тоа не го знаеме сега. Станува збор за мултифрактална сеизмолошка активност, има многу гранки по кои може да тргне, на дали ќе оди таму или ваму највеќе од се е случајност – вели Радовановиќ.

Хрватска од понеделникот ја погодија серија на земјотреси. Најсилниот, со јачина од 6,2 степени по Рихтер, се случи во вторникот, со епицентар во Петриња. Во таа катастрофа, седум лица го загубија животот, меѓу кои и 12-годишно девојче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This