April 24, 2024, 10:58 am

СЕКОЕ ПЕТТО ВОЗИЛО ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ НЕИСПРАВНО: Во рутинска контрола на сообраќајната полиција откриени над 30 неисправни автобуси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашната контролна акција на сообраќајната полиција низ полошките сообраќајници, откриени се над триесет технички несправни автобуси, комбиња и минибуси кои вршат превоз на патници. Констатирано е дека секое петто возило било со несправни сопирачки и уред за управување. Од сообраќај биле исклучени 34 возила.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во периодот 8:00 до 13:00 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници.

Со контролата вкупно биле опфатени 148 возила, автобуси, минибуси, комбиња. Од нив во тетовскиот регион биле 72 и во гостиварско 76, по што 114 упатени се на дополнителен преглед (ТЕ-57 и ГВ-57).

„При прегледот, кај 27 возила (ТЕ-16 и ГВ-11) била утврдена техничка неисправност на уредите за запирање (сопирачки), четири уреди за управување (ТЕ-4), седум на други уреди ( ТЕ-5 и ГВ-2), пет неизвршен технички преглед (ТЕ-5) и четири со некомплетна опрема (ТЕ-3 и ГВ-1)“, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Според Јосифоски, за откриените недостатоци во оваа контрола санкционирани се 49 прекршочни платни налози (ТЕ-28 и ГВ-21), со пет барања за поведување прекршочна постапка (ТЕ-3 и ГВ-2) и со 34 исклучени возила од сообраќај (ТЕ-18 и ГВ-16).

Во контролата, исто така, утврдени се и 32 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-21), кои адекватно се заокружени со законски предвидените поднесоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This