April 20, 2024, 11:22 am

Секоја петта бремена Ромка е малолетничка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ромките од Шуто Оризари и годинава се соочуваат со сериозни пречки во пристапот до основни здравствени услуги за репродуктивно здравје, што се потврдува и со загрижувачките податоци за бројот на малолетнички бремености меѓу Ромките.

Теренското истражување спроведено во 2017 година покажало дека дури 20 отсто од бремените Ромки од Шуто Оризари – или секоја петта бремена Ромка, се малолетнички. Раната бременост и родителство сериозно влијаат врз конкурентноста на пазарот на трудот и придонесуваат кон прекинување на понатамошното школување, со што се создава економска зависност и сиромаштија, се наведува во Иницијативата на жени од Шуто Оризари, по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

Ваквата состојба, како што се посочува, ја потврдува потребата од воведување едукација за младите и од услуги за заштита и унапредување на нивното репродуктивно здравје, што директно ќе придонесе кон намалување на бројот на малолетничките бремености. Едукацијата за начините на заштита од несакана бременост и од сексуално преносливи инфекции, според нив, ќе ги опреми младите со информации и знаења кои се неопходни за донесување на важните одлуки во животот.

Истото истражување покажа дека дури 82 отсто од Ромките од Шуто Оризари го платиле прегледот кај матичниот гинеколог иако според прописите од областа на здравствената заштита, оваа услуга им следува бесплатно.

„Согласно Програмата за активна здравствена заштита на мајки и деца, прегледите и лабораториските анализи во текот на бременоста им следуваат бесплатно на бремените жени без здравствено осигурување, жените без документи за лична идентификација, Ромките и жените од социјално ранливи категории, но според нашето истражување, ова се почитува во само 20 отсто од случаите, додаваат од Иницијативата.

Ваквата практика во ординациите на матичните гинеколози ги одвраќа жените редовно да ја следат бременоста и со тоа директно се загрозува нивното здравје и живот. Иницијативата на жени од Шуто Оризари бара институциите, пред се ФЗОМ и Министерството за здравство да им дадат врвен приоритет на здравјето и животот на бремените жени, односно да изнајдат трајно системско решение за целосно стопирање на практиката на незаконска наплата на здравствените услуги од страна на матичните гинеколози и да обезбедат целосно спроведување на мерките од превентивните програми на Министерството за здравство за унапредување на репродуктивното здравје на Ромките.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This