СЕКОЈА САБОТА: Протест пред Собранието против промена на името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет „Единствениот македонски пат“, движењето за цивилизациски вредности и здружението на граѓани за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ најавија дека секој вторник и петок во паркот „Жена борец“ ќе се одржуваат дебати, а, пак, секоја сабота протести против промена на името.

Организаторите соопштија дека доставиле баррање до претседателот на РМ кое, како што тврдат, било прифатено, за реализирање на отворена национална дебата на тема: ,,Непринципиелните, антидемократските, антицивилизациски и антимакедонски политики спрема Македонскиот народ и Македонската држава“.

„Дебатата се организира со цел стручните лица, научници, творци, професори и македонските суверени носители и бранители на државниот суверенитет, јавно да го изразат, застанувајќи во одбрана на своето суверено право, определба, став и мислење за актуелните состојби и собитија кои директно задираат во идентитетот и ги проблематизираат и загрозуваат самоопределувањето, сувереноста, независноста и опстојот на македонскиот народ и македонската држава (со сите нејзини атрибути), со цел и план за нивно непостоење и бришење од картата на живите народи, суверени држави и цивилизации на светот“, велат организаторите.

За таа цел, како што најавија, почнувајќи од утре, 6 февруари,  секој вторник и петок во пет до 12 во паркот „Жена борец“, во Кампусот на бранителите, пред Собранието на РМ, ќе се одржуваат дебати, разговори и обраќања кои ќе бидат насочени кон и како припрема за најавената отворена национална дебата, а секоја сабота во 5 до 12, на истото место ќе има протест.

Организаторите ги повикуваат претседателот Ѓорге Иванов и амбасадорот на САД во Р. Македонија, Џес Бејли да земат учество во дебатата. Тие најавија дека повторно ќе бараат да престанат сите преговори за името зад затворени врати и ќе ги предложи, преку Меѓународното движење за цивилизациски вредности, заедно за добитници на Нобеловата награда за мир претседателите на САД, Доналд Трамп, на Руската федерација, Владимир Путин, и на НР Кина, Кси Џинпинг, поради нивната спремност за заедничка соработка во полза на суверените народи и држави и на човештвото во целина.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This