СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА МОМЧЕТО ОД КАВАДАРЦИ ШТО ГО ФАТИ КРСТОТ И ЗА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ЛОЗАРИ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Момчето кое го фати светиот крст и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, во денешната хумана акција собраа повеќе од 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ.

„Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тие инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани парите кои веќе се предадени на семејството Малкиќ“, информираа од навивачката група.

И покрај задоволството од огромниот одѕив, од навивачката група Лозари соопштија дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција, се со цел што побрзо да се соберат уште 5000 евра, кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

Дополнително, Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на жиро сметката 280109104095596.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This