Секоја чест! Македонско девојче од Австралија собра илјадници дола ри за реновирање училиште во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медисон Ристевски е 16-годишна девојка од Австралија, која има македонско потекло. Веќе четврта генерација од нејзиното семејство живее таму, но тие не ја забораваат Македонија.

На училиште таа добила задача да лансира проект со кој ќе го направи светот подобро место за живот, па така одлучила да собира донации за реновирање на медицинското училиште во Битола. Била разочарана од неговата состојба при една посета во Македонија.

–„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија, земја каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на живот се сметаат за најдобри во светот.

–Во битолската образовна установа ѕидовите и таваните беа покриени со влага. Тоалетите или беа ск ршени или те чеа или не се пушташе вода како што треба и имаше неп ријатен мирис од мигот штом влегов“, вели Медисон.

Таа си постави задача да собере 29.000 евра за реновирање на објектот и упати апел за донации преку онлајн платформа, а за само 4 месеци успеа да ги мотивира луѓето од Австралија, но и целиот свет да донираат дури и повеќе од првично зацртаната цел.

Целта на Медисон е да испрати порака дека секоја цел е остварлива, само ако сте одлучни и работите на порно.

Целата статија прочитајте ја ТУКА!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This