СЕКОЈА ЧЕСТ НА ОВИЕ СРЕДНОШКОЛЦИ:Ученици од трета година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ предновогодишно го донирале својот џепарлак

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ученици од трета година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ предновогодишно решиле да ги израдуваат децата сместени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во населбата Топанско Поле. Се договориле секој од нив да го донира својот џепарлак, а со парите да обезбедат подароци за штитениците на заводот.

– Направивме играчки снешковци, ги завиткавме во хартија, купивме новогодишни колачиња и им отидовме во посета. Бевме облечени како принцези, имаше и Дедо Мраз. Децата нè пречекаа со голема радост и воодушевување. Пеевме и игравме заедно. Ќе одиме пак кај нив. По ова посреќни сме, задоволни дека со малку сме усреќиле други деца – вели Марија Ајдинска, ученичка во трета година.

Заводот за рехабилитација на деца и младинци спаѓа во мрежата на јавни установи од социјален карактер. Основна дејност е да обезбеди рехабилитационо-корективен третман на деца и младинци со умерени, тешки и комбинирани пречки во интелектуалниот развој. Овој третман е комплексен бидејќи во себе содржи повеќе компоненти, како што се: дневно и интернатско опфаќање, згрижување, воспитување, образование, работно оспособување, работно ангажирање и работна окупација, здравствена заштита, како и културно-забавен и спортско-рекреативен живот на штитениците.

Факултети.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This