СЕКОЈА ЧЕСТ: Сопственикот на „Мал Алтан“ од свој џеб ќе ги плаќа вработените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со кризата во која сме сите угостителството е еден од најпогодените сектори во Македонија. Со тоа, многу вработени ја изгубија својата работа, а сопственикот на ресторанот „Мал Алтан“, Горан Блажевски направи потег кој секако е за големо поздравување. Тој на својот фејсбук-профил информираше дека нема да ги отпушти своите вработени, па дури и бизнисот да му пропадне.


„Фокус“ направи краток разговор со него, во кој ги објасни причините за ваквата одлука.

„Ресторанот работи шест години. Мислам дека по толку време не е во ред така лесно да се откажеш од вработените. Јас имам осум луѓе кои работат и периодов ќе ги плаќам од свој џеб. Сакам да испаднам фер, затоа што не се тие виновни. Греота е да им го земеш лебот “, вели Блажевски. Како што вели сопственикот на овој ресторан, угостителите мора да се потрудат да ги задржат своите вработени.

„Последните два месеци угостителството работи со големи загуби. Работевме по 6-7 часа и сметам дека треба да се избориме да ги сочуваме вработените, затоа што полошо ќе поминеме. Многу тешко се наоѓаат работници. Голем дел од угостителите ќе треба да се задолжуваат за да опстојат. Тешко дека ќе имаме туристи ова лето со моменталната ситуација“, додаде Блажевски.

Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This