Секоја чест: 12-годишно девојче спacи маж кој се давeл во морето на Халкидики

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Летувањето во Грција за малку можело да му се претвори во трагичен настан на еден турист на Халкидики, кој додека пливал, изгубил свест и почнал да се дави. На негова среќа, 12-годишната Лемонија веднаш го приметила мажот како се дави, по што заедно со лекарите му пружила прва помош и му го спасила животот.

Веднаш штом видела дека мажот се дави, Лемонија заедно со уште неколку луѓе го извадиле мажот од водата, по што таа искусно го свртела мажот на другата страна, за тој да може полесно да дојде до воздух.

До доаѓањето на Брзата помош, девојчето заедно со нејзиниот татко се грижела за човекот. Мажот беше пренесен во локалната болница на Халкидики, каде сè уште се опоравува.

„Беше супер, ни на момент не се исплашив. Знаев дека морав да му помогнам на човекот“ по инцидентот изјави Лемонија.

Младото девојче имала поминато курс за прва помош на грчката организација „Децата спасуваат животи“.

#спасување #херој #давење #халкидики #препорачано

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This