Секој втор човек има хелиkoбактep во желудникот – решете го овој пpoблем еднаш засекогаш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Половина од човештвото се имаат заразено со оваа бактерија и не се ни сомневаат дека во нив се развива сериозна болест. Тегобите што ги причинува на почетокот, обично им се препишуваат на стресот. Решението секогаш се наоѓа во природата.

Прочитајте рецепти за неколку одлични природни решенија, за начинот на кој сте сте се заразиле и какво лекување препорачува конвенционалната медицина. ПРИРОДНИ РЕШЕНИЈА ЗА СПАС ОД ХЕЛИКОБАКТЕРИЈА. Првиот избор за решавање на овој проблем секако се смоквите.

Суви смокви во маслиново масло е природен лек за борба против бактерија во желудникот. Во една тегла ставете 40 суви смокви, исечете ги или избоцкајте ги, па прелијте ги со квалитетно маслиново масло. Теглата затворете ја и оставете ја да отстои 40 дена.

После тоа секое утро на гладно изедете по една смоква и по малку од маслото. За уште подобар ефект потребно е да ја ускладите и исхраната. Трудете се да јадете варена и лесна храна без премногу зачини, особено лути. Одбегнувајте да јадете кисела, масна храна особено сувомеснати производи.

Храната приготвувајте ја со маслиново масло кое е природно и непреработено. Јадете што повеќе свежа храна, зеленчук и овошје. Маслиново масло со суво смокви е решение и за бројни други проблеми: неплодност, хемороиди, цревни заболувања, запек, бронхитис, астма..

Масло од диво оригано – најделотворниот природен антибиотик кој може да помогне во елиминирање на H.Pylori. Уништува повеќе од 30 видови бактерии и искуствата покажуваат дека навистина е многу делотворно. Ленено семе – лажица ленено семе прелијте со 200 мл зовриена вода.

Поклопете и оставете ја мешавината да отстои 3 часа. Процедете и консумирајте по една лажица пред секој оброк. Сок од компир – Земете три сирови компири без кора и исцедете ги во соковник. Потребно е да се консумира по половина чаша од овој сок пред оброк.

Прополис и перга – перга е полен кој пчелите го собираат и чуваат во кошниците за да можат да го користат преку зима како храна за младите пчели. Таквиот полен е богат со амино-киселини, полесни бактерии, млечна киселина, ферменти и квасци.

Прополисот се користи во облик на алкохолна тинктура, поточно десет капки прополис на чаша вода. Потребно е да се пие по една чаша пред секој оброк. Прополисот не го земајте доколку пиете антибиотици. Пергата се џвака додека е свежа и тоа по 10 мг дневно. Консумирајте ја после оброк.

СЕКОЈ ВТОР ЧОВЕК ИМА БАКТЕРИЈА ВО ЖЕЛУДНИКОТ. Речиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат болка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот.

Сите овие симптоми, според гастроентерохепатолозите, укажуваат на воспаление на слузокожата на желудникот, кое може да биде акутно или да премине во хронична форма. До 1982 година се мислело дека овие тегоби се последица на стрес, кисела храна и лошите животни навики, како што се пушењето и алкохолот.

Денеска се знае дека најчеста причина за оваа инфекција е бактеријата хеликобактер пилори (ХП), која едноставно го „јаде“ желудникот. Медицинската статистика покажува дека инфекцијата со хеликобактер пилори е многу често распространета меѓу луѓето, или во просек од неа страда околу 56% од светската популација.

Во развиените земји, со оваа желудочна бактерија се заразени од 40 до 50% од луѓето, а од 80 до 90% во земјите во развој. Оваа грам негативна бактерија е виновна за развојот на сите видови хроничен гастритис, односно хронично воспаление на желудочната обвивка.

А исто така, создава предиспозиција за настанување на 80% од чировите на желудникот и повеќе од 95% за чир на дванаесетпрсното црево. Се смета дека го поттикнува и создавањето карцином на желудникот.

Студиите покажуваат луѓето чиј желудник е инфициран со хеликобактер пилори имаат од два до шест пати поголем ризик, а според најновите истражувања и до 10 пати поголем ризик да развијат рак на желудникот.

Со хеликобактер пилори најчесто се заразуваат луѓето на околу 60-годишна возраст, или на оваа возрасна група отпаѓа 65% од болните. Кај помладите, оваа бактерија е помалку застапена или се јавува кај 25% од лицата на 30 години.

Но, поради брзиот начин на живеење, стресот, нередовната исхрана, јадењето брза храна, потоа консумирање оброци богати само со месо и протеини од животинско потекло се само дел од факторите зошто се јавува оваа инфекција и кај сè помлади лица.

Инфекција. Инфекцијата настанува кога бактеријата ќе влезе во системот за варење на домаќинот. Желудникот и неговата киселина создаваат неповолна околина за многу бактерии, но ХП е посебно адаптирана за таква средина, бидејќи самата бактерија продуцира ензим кој низ низа биохемиски процеси креира зона на ниска киселост во која може да опстане.

Хеликобактер пилори е спирална, грам негативна бактерија, која поседува 4-6 флагели (опавчиња) поради кои е лесно подвижна. ХП е единствена бактерија која може да преживее во изразито киселата желудочна средина.

Со цел да ги избегне неповолните услови и ниската pH на желудникот, бактеријата со своите флагели преку слузта која ја лачат клетките на желудникот сè подлабоко навлегуваат кон површинските клетки на слузокожата каде што владее понеутрална pH-средина.

За да преживее, бактеријата со помош на ензимот уреаза создава околу себе помалку кисела средина. Не навлегува во клетките, туку се населува меѓу нив и по адаптацијата, забрзано се множи и може да ја покрие целата површина на желудникот.

Симптоми. Околу 80% од инфекциите со хеликобактер се асимптоматски, односно болниот нема некои посебни симптоми. Агресивноста на бактеријата и осетливоста на домаќинот се одговорни дали пациентот ќе нема симптоми и ќе помине со воспаление на слузокожата – гастритис или, пак, ќе дојде до создавање чир на желудникот, па дури и рак.

Различни соеви имаат различни својства. Едни може веднаш да доведат до тешки оштетувања на желудникот, други може со децении да живеат на површината на слузокожата и да предизвикаат само слаба реакција. Акутната инфекција може да се изрази како акутно воспалување на желудочната слузокожа или гастритис.

Се манифестира со гастрична болка, жарење и печење во пределот на желудникот, киселини, чувство на надуеност, гадење и повраќање. Доколку болеста не се лекува во оваа фаза, таа преминува во хроничен гастритис и дуоденитис, што понатаму може да доведе до појава на чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево.

Овие заболувања може да бидат животозагрожувачки доколку настане нивно напукнување – перфорација, крвавење и појава на црн измет, како и повраќање на црна содржина како талог од кафе. Нелекуваната инфекција натаму предизвикува развој на хроничен гастритис, со последици на крвниот систем и појава на анемија.

Долгогодишно присуство на оваа бактерија во желудникот предизвикува атрофија или изумирање на слузницата и неретко појава на желудочен карцином. Аденокарцином се јавува кај 1-2 отсто од инфицираните.

Дијагностика. Методите за утврдување на хеликобактер-инфекцијата можат да бидат агресивни или инвазивни и неинвазивни. Во нашите лаборатории се работат два вида на тестови за откривање на бактеријата.

Крвни анализи кои се најчесто користен метод за одредување на антителата на ХП (ИгА и ИгГ) со кој може да се процени дали се работи за свежа, неодамнешна инфекција со бактеријата (ИгА), или пак инфекцијата е добиена во минатото (ИгГ).

Исто така, титарот на ИгГ антителата е особено важен за следење на инфекцијата по примање терапија. Анализа на фецес (столица). Овие тестови се прават за да се открие присуството на самата бактерија во столицата или да се одреди дали третманот на инфекцијата со ХП бил успешен.

Вториот неинвазивен тест е уреаза издишен тест, кој најретко се применува. Имено, уреата се обележува со изотоп на јаглерод, се дава на уста на пациентот и се мери количината на обележан ЦО2 во експирираниот воздух, кој е во корелација со присуството на уреаза ензимот од бактеријата.

Инвазивните се базираат на ендоскопскиот метод на гастроскопијата – преглед со тенка сонда со камера, која се внесува преку уста, и со која можат да се видат сите промени карактеристични за гастритис, како и да се земе материјал за биопсија, во кој понатаму микроскопски се докажуваат бактериите, или пак, се прави микробиолошка култура – ЦЛО ТЕСТ.

Овој тест иако е инвазивен и потежок за пациентот, сепак е со најсигурни и најточни резултати и се смета за златен стандард во откривање на инфекцијата со хеликобакетр пилори. Конвенционална терапија. Лекувањето се спроведува со т.н. тројна или тривалентна терапија во период 1-2 недели (околу 10 дена).

Оваа терапија подразбира третман со два различни антибиотика и еден инхибитор на протонска пумпа, кој го намалува лачењето на желудочната киселина. По десетдневната тројна терапија третманот продолжува само со инхибитор на протонска пумпа за извесен период.

Доколку бактеријата се’ уште е присутна и покрај редовно користената терапија и пациентот има и понатаму симптоми, тогаш се повторува тројната терапија со замена на еден од антибиотиците, или пак се користи и т.н. четиривалентна терапија, во која влегува и бизмут.

Се употребуваат повеќе варијации на антибиотици и инхибитори на протонска пумпа кои имаат различна ефикасност. Најчесто користени антибиотици се: кларитромицин или азитромцин во комбинација со амокисицилин и метронидазоле за пациенти алергични на пеницилин.

Во поново време се’ почесто се употребува и левофлоацин, кој има доста добро антихеликобактерно дејство. Инхибиторите на протонска пумпа кои најчесто се користат се: омепразол, пантопразоле и поновиот есомепразол.

Бидејќи од ден на ден расте антибиотската резистенција на бактеријата, стратегијата за уништување на хеликобактер-инфекцијата треба да се движи кон превенција на желудникот од оваа бактерија. Познати се студии кои го откриваат антихеликобактер-дејството на брокулата, црвеното вино, лукот, зелениот чај, како и на пробиотиците и флавоноидите.

Како се пренесува бактеријата? Начинот на пренесување на инфекцијата сè уште не е потполно докажан. Досегашните сознанија говорат дека хеликобактер пилори се пренесува преку директен контакт од инфицирана на здрава индивидуа и тоа најчесто на три начина.

Од желудник на уста, кога при подригнување бактеријата може да се пренесе од желудникот во устата и преку плунката може да се пренесе на уста на здравото лице. Потоа од уста на уста. Бидејќи бактеријата е најдена на ранички во усната шуплина може да се пренесе директно по орален контакт.

Бактеријата се пренесува и преку фекални остатоци кои може да се внесат преку храната (недоволно измиени салати и друг вид на зеленчук или овошје). Многу ретко таа може да се пренесе и при интервенција со евентуално заразени и не добро стерилизирани ендоскопски инструменти кои се користат при ендоскопско снимање на желудникот.

Препораки за исхрана. Пациентите со ХП-инфекција треба да избегнуваат обилна, масна храна, чоколадо, пеперминт, алкохол, кисело и луто, бибер, како и газирани пијалаци со кофеин и не смеат да пушат. По јадење треба да се остане во исправена положба и да се избегнува движење непосредно по јадењето, како и облека која го затегнува стомакот.

Општите правила во исхраната подразбираат забрана на внесување врела, ладна и јако кисела храна. Треба да се јаде почесто и помалку и храната треба полека да се џвака и да биде добро исечкана. Не се препорачува внесување големи количини на течности одеднаш.

Јадењата треба да се варени или динстани со минимална количина на маст, најдобро без запршка. Млеко во големи количини не е пожелно, бидејќи има привремено неутрализирачко дејство, по кое уште повеќе се поттикнува лачењето на желудниковата киселина.

Сварено млеко со жита (овесни снегулки, ориз, гриз) поволно дејствува на слузокожата на желудникот. Се препорачуваат продукти како варен зеленчук, компоти, лeсни колачи со овошје, јадења со пилешко, риба и соја. Во храната треба да се вклучат пробиотици, кои ги има во јогуртот, а и употребата на маслиново масло, ленени семки и масло, исто така, има позитивно дејство

Прочитајте го и најсподелуваниот рецепт за природен лек со кој многумина го решиле својот проблем. Вирусите предизвикуваат најмногу инфекции на гастроинтестиналниот тракт, иако и бактериските инфекции се доста чести. Луѓето честопати ваквите инфекции ги нарекуваат „труење со храна“.

Хеликобактер пилори е вид на бактерија која живее во дигестивниот тракт. Таа се доведува во врска со појава на воспаление на желудникот (гастритис), чир на дванаесетпалечно црево, а ретко и на желудник. Понекогаш овој вид на инфекција може да доведе до рак на желудник.

Смоквите во маслиново масло се најефикасниот лек за бактерии во желудник. Земете неколку смокви и исечете ги на четвртинки, потоа ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со ладно цедено маслиново масло. Користете поквалитетно масло.

Оставете ги да ги отстојат околу 40 дена, а потоа консумирајте во лажица од лекот секое утро на празен стомак. Ако итно ви е потребна терапија и не можете да почекате 40 дена, тогаш направете две тегли и започнете со консумирање после една недела.

Таквиот лек можеби ќе има помалку лековити својства, но сепак ќе биде корисен. Прилагодете ја својата исхрана кон терапијата. Консумирајте само варена храна, без многу зачини, обидетете се да одбегнувате лути зачини. Не консумирајте кисело.

Исто така, одбегнувајте масно месо, пред се’ преработки од месните производи. Приготвувајте ја храната користејќи ладно цедено маслиново масло. Оваа комбинација е многу добра и за други болести, како на пример за лекување на хемороиди, опстипација, неплодност, цревни заболувања, астма, бронхитис итн.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This