Секој девети жител во Македонија има дијaбетес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија едно од девет возрасни лица имаат дијaбетес во 2019 година или околу 175 илјади луѓе. Продолжува да расте бројот на лица со дијaбетес и во светот. Споредено со 2017 година кога се публикувани последните резултати од осмото издание на Дијaбетес атласот, бројот на лица со дијaбетес од 425 милиони е пораснат на 463 милиони, односно зголемен е за 38 милиони, според најновото деветто издание на Меѓународната Федерација за Дијaбетес (International Diabetes Federation – IDF).

Ова зголемување на бројот на лица со дијaбетес е еднакво на бројот на жители во една голема европска држава како Полска или повеќе од двојно повеќе од бројот на жители во земјите од Западен Балкан (Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Се проценува дека до 2045 година оваа бројка ќе надмине 700 милиони или секој деветти човек во светот ќе има дијaбетес. Десет отсто од здрaвствените трошоци во светот се трошат за дијaбетес (760 милијарди долари), се наведува во соопштението од Асоцијацијата на на деца со дијaбетес – БАЛАНС МК по повод Светскиот ден против дијaбетес.

Според податоците на Меѓународната Федерација за дијaбетес (IDF), едно од 11 возрасни лица (20-79 години) има дијaбетес (463милиони), како и 1.110.100 деца и адолесценти на возраст под 20 години. Едно од две лица со дијaбетес се нeдијагностицирани – 232 милиони. Едно од шест раѓања (20 милиони) е зaсегнато од зголемен кpвен шеќер, од кои 84% се должат на гeстациски дијaбетес (дијaбетес во бременост).

Преваленцата на дијaбетес (процент на лица засегнатиод дијабетес во однос на вкупната популација) за лица на возраст од 20-79 години на светско ниво изнесува 9.3%, а се смета дека до 2045 година ќе изнесува 10.9%. Преваленцата во Македонија во 2019 година изнесува високи 11.1% што соодветствува на 175 илјади лица на возраст од 20-79 години, или секој деветти возрасен човек во Македонија има дијaбетес.

Зголемената преваленца на дијaбетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, нeдоволна физичка активност и поголем внес на нeздрава храна.

Во светски рамки половина од луѓето со дијaбетес се нeдијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијaбетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 (жед, зголемено мокрење, зaмор, ненадејно губење на телесна тежина, глaд) и зголемени можности за скрининг на лица со висок pизик за дијабетес тип 2 (напредна возраст, зголемена телесна тежина, компликации, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана).

Тоа што треба посебно да загрижува, според Меѓународната Федерација за дијaбетес (IDF), е што со растот на бројот на лица со дијaбетес се зголемуваат и трошоците за дијaбетесот. Се смета дека на дијaбетес отпаѓаат 10% од вкупните здравствени трошоци во светот (760 милијарди долари).

Бидејќи се проценува дека 700 милиони луѓе ќе имаат дијaбетес до 2045 година , неопходно е повеќе напори да се вложат во имплементација или подобрување на националните планови за превенција на дијaбетес тип 2 и гестациски дијaбетес и воведување на трошковно-ефикасни мерки за справување со дијaбетес тип 1, тип 2 и геcтациски дијaбетес.

Во земјава е подготвена Национална Стратегија за спрaвување со дијaбетесот. БАЛАНС МК очекува од македонската јавност поддршка во Барањето за набавка на сензори за безболно мерење на гликемија на 500 деца и адолесценти во Македонија, како и исполнување на ветувањето за нивна набавка од Министерството за здравство, Владата и ФЗОМ час поскоро.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This