March 29, 2024, 10:07 am

СЕКОЈ ДЕН Е СЕ ПОБОГАТ: За една недела заработи две милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основачот на американската компанија Tesla, Илон Маск за една недела го зголеми своето богатство за 2,1 милијарди долари, благодарение на растот на aкциитe.

Вредноста на aкциитe на Tesla рапидно се зголеми откако компанијата минатата недела откри дека испорача рекордни 112.000 возила во четвртиот квартал од 2019 година. Тоа е малку над проценките на аналитичарите.

На растот влијаела и веста дека првата фабрика на Tesla надвор од Соединетите Американски Држави, во Кина започнала со испорака на електрични возила. Aкциитe на компанијата во неделата до 9 јануари се зголемија за 13 проценти, зголемувајќи ја вооедно и нето-вредноста на богатството на Маск за над две милијарди долари.

Маск ги изненади медиумите ширум светот оваа недела со бизapeн cтpиптиз танц на сцената во фабриката на Tesla во близина на Шангај, славејќи ја испораката на првите електрични модели на 3 клиенти во земјата.

Маск поседува околу 22 проценти од акциите на Tesla, кои претставуваат околу половина од неговото богатство. Има удел и во компанијата SpaceX, проценет на 12,5 милијарди долари.

Според последните податоци на магазинот Forbes, вкупното богатство на Илон Маск се проценува на 22,3 милијарди долари, што го става на 40-то место на најбогати луѓе во светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This