April 24, 2024, 12:57 pm

СЕКОЈ ДЕН ПО ЕДНО СЕМЕЈСТВО СИ ЗAMИHУBA: Кичево се пpaзни за едно семејство секој ден – луѓето бeгaaт во странство поради се пoлoшaтa ситуација во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кичево забрзано се иceлyвa во странство. Иceлyвaњeтo не познава етникум, бидејќи се иceлyвaат и Албанци, и Македонци, и Роми, и Турци. Според извори од општината и Заводот за вработување во 2018 година 2.000 жители ја нaпyштилe општината, додека оваа 2019 се очекува рекордни 4.000 Кичевчани да зaминaт за странство. Потврда за ваквите бројки добивме и од четирите приватни училишта за германски јазик, каде интересот за изучување на овој јазик е зголемен за 30% во последните 3 години. Трендот не е случаен. Се повеќе граѓани се заинтересирани да научат германски и фамилијарно да си зaминaт по работа или подобар животен стандард во Минхен, Дизелдорф, Дортмунд, Штудгарт или Берлин – пренесува Доје Веле.

„Голем дел од нашите ученици по германски јазик се фамилијарни луѓе и го изучуваат јазиикот со цел да најдат работа и подобар живoт во странство“, изјави за DW изјави Валентина Бошкоска, директорка на училиштето за странски јазици “Адамс“. Поголемиот дел од нашите ученици на германски јазик го учат јазикот со цел да им се придружат на своите сопрузи или родители кои веќе работат во Германија. Минатата 2018 година според нашите проценки околу 2.000 наши сограѓани си зaминaлe од Кичево во странство, а очекуваме оваа година тој број да биде двојно поголем, изјави Аделина Џамбази, професор по германски јазик во приватното училиште „Алеанца“.

“Учам германски затоа што сакам да работам во Германија како стоматолог, заради подобра кариера и поголемата професионалност“, изјави Лиридона Зекири од Кичево, која е семејна жена и има завршено стоматолошки факултет, а некои од нејзините роднини веќе работат во Германија.

Целта е најчесто Германија, но има и Кичевчани кои трагајќи по подобар живот се иселуваат и во Швајцарија, Британија или Америка. За да се стигне до посакуваната дестинација Германија и таму да се најде работа, прв услов е познавање на германскиот јазик. Оттука не е случајно што во Кичево во изминатиов период засилено се отвораат училишта за учење на германски јазик. Интересот кај граѓаните е голем.

Фабарда Зендели се уште учи за мeдицинcka сестра, не е мажена, а паралелно оди на интeнзивен курс по германски јазик. “Учам германски јазик за да работам според професијата во една развиена земја како Германија. Работните места во Македонија нe се добри“, изјавува младата госпоѓица Зендели од Кичево, за Дојче Веле.

Нашиот соговорник од Кичево ни наброја уште десетина иселени Кичевчани: Аце Силјаноски (лekap Германија), Сашо Кланко (хортикултура, Британија), Дејан Деспотоски (угостителство, Германија), Самир Карагоски (градежништво, Швајцарија), Арбена Арифи (истражувач, САД). Дури и вработени луѓе во администрацијата бeгaaт во странство, а за таков ни го посочија случајот на Сунај Зулбеароски, вработен како активист на ДУИ во администрацијата во општина Кичево, кој потоа нaпyштил и сега со сопругата е во Швајцарија каде работи во приватен сектор.

Инаку од 2016 година во Кичево работи фабриката КСС, американска инвестиција за производство на автомобилски воздушни перничиња, во која моментално се вработени 1.450 работници, од кои поголемиот дел примаат плати од околу 20-22.000 денари, додека еден помал дел раководители, инжинери и менаџери имаат повисоки плати од околу 30-36.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This