Секој што се обидува да го негира фактот дека Гоце Делчев е Македонец, се обидува да го фaлсифиkува коренот на Македонецот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за пратеник во Првата изборна единица и меѓународен секретар на партијата, на вечерашната дебата на Канал 5 телевизија,а во врска со преговорите со Бугарија, истакна дека секој што се обидува да го негира фактот дека Гоце Делчев е македонец, се обидува да го фалсификува коренот на македонецот.

-Секој којшто се обидува да ни докаже нешто спротивно од тоа дека Гоце Делчев не е македонец, се обидува да го фалсификува тоа што е коренот на македонецот, вели Муцунски.
Муцунски вели дека тоа треба да се нашите црвени линии, но истовремено ние треба на нашите соседи да им укажеме дека сакаме да имаме добри односи, но тие добри односи да бидат за напредок и просперитет.

Муцунски истакна исто така дека политиката со соседите треба да биде базирана на проекти за поврзување, а не на попустливи еднострани барања.
Ниеден трговски договор нема склучено оваа влада, но затоа три години зборуваме за историски факти, потенцираше Муцунски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This