СЕКРЕТАРОТ НА ПУТИН ОД БЕЛГРАД: Македонија е земја која се споменува во Библијата, однадвор сакаат да и го скршат идентитетот и да ја внесат во конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Змаеник-секретарот на генералниот совет на „Единствена Русија“ и пратеник во Државната дума, членот на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Сергеј Железњак учествуваше на меѓународната конференција „Белградски стратешки дијалог“ која на 29 јуни се одржа во Стариот дворец во Белград. Учесници на конференцијата беа европски политичари, политиколози и новинари. Тие дискутираа за европските и балканските односи, нивните перспективи и предизвици, а исто така каква иднина ги чека ЕУ и НАТО, и предлагаа начини на решавање на проблемите кои се заеднички за европските земји. „Руска реч на македонски“ ви претставува неколку тези од излагањето на рускиот политичар.

Балканот е центар на европските процеси

Сергеј Железњак им се обрати на присутните на дијалогот и го сврте вниманието на важноста на Балканот во улогата на европските процеси. Секоја нестабилност што постои на Балканот, смета рускиот политичар, влијае на општиот процес на евроинтеграција. „Гледаме дека постои обид за проширување и за зацврстување на европскиот интеграциски процес со задолжително, а понекогаш и насилно вовлекување во воено-политичкиот блок НАТО. И ваквиот избрзан пат нема да донесе ништо друго освен зголемен притисок и раскол во општеството“. Сергеј Железњак исто така ја начна темата за меѓународните терористички закани и изрази мислење дека како отпор на нив треба да се бори блоковското мислење. „Во Македонија со поддршка однадвор се обидуваат да го скршат националниот идентитет, одново да ја испишат суштината и историјата на оваа земја која се споменува уште во Библијата“.

„Овие прашања треба да ги обединат различните политички сили. Во современиот свет чудно е да се мисли дека може да се осигури сопствената безбедност за сметка на други, безбедноста може да биде само заедничка, зашто терористите ќе уништат која било држава зашто тие се против целата наша цивилизација. На терористите им е сеедно која партија е на власт“.

Одлуките треба да бидат на народот

Сергеј Железњак зборуваше за тоа дека сега во регионот активно се развива регионалната концепција Б-4, концепција на воена неутралност на балканските земји. „Уверени сме дека успесите на Србија што ги гледаме денес се поврзани со држење до својата воена неутралност, без оглед на притисокот што постои однадвор. На Србија ѝ оди од рака политиката на суверена, независна држава. Ние во ниту еден случај не смееме да даваме цивилизиран простор на оние кои се обидуваат да нè втурнат во хаос и во уривање. Многу би сакал сите одлуки кои се носат во однос на Балканот да не се носат во Вашингтон или во Брисел, да не се носат во Москва или во Пекинг. Сите одговорни земји треба да продолжат со своите заложби и да создадат услови овие одлуки да се донесат во самите балкански земји. Во Црна Гора прашањето за членство во НАТО беше причина за ескалација на внатрешната затегнатост и сакаме тоа да не премине во пожестока фаза. Многу е важно да биде дадена можност на народот да се изјасни во врска со овие прашања, но во Црна Гора на секој можен начин беше спречен процесот на спроведување референдум. За Македонија не би кажал дека постои консензус. Не треба да се мешаат договорите кои постојат на нивото на елитите со позицијата на народот“.

Сенатор: Русија не ризикува заради влијание врз ситуацијата во Македонија
„Ние ви Русија никогаш не сме го разгледувале прашањето на строга алтернатива на соработка на Србија со нас или со Европа. Очигледно дека Србија и другите балкански држави кои се наоѓаат во центарот на Европа претставуваат дел на Европа, и треба на секој можен начин да се реализира тој потенцијал на соработка со ЕУ и со земјите од Европа кои не влегуваат во неа. Во нашите контакти со ЕУ подвлекуваме: ајде да разменуваме искуства зашто Русија е исто така мултинационална и мултиконфесионална држава. Ние зад себе имаме сложено, но уникатно искуство од Советскиот Сојуз. За секој проблем треба да се најде решение кое треба да биде поддржано од народот. Ние се надеваме дека политиката на ЕУ ќе биде се повеќе и повеќе ориентирана кон интересите на народите од Европа. Видовме дека за воено-политичките прашања позицијата на Европската комисија беше ориентирана повеќе кон САД, одошто кон позицијата на сопствените избирачи. Уверен сум дека оваа грешка ќе биде поправена“.

 

Превземено од РускаРеч на Македонски

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This