СЕКСИ БИКИНИ, КОКТЕЛИ: Даниела Темелковска одмора во Доминикана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фолк пејачка беше на полнење батерии надвор од Македонија. Само што атрактивната Даниела Темелковска не ги одбра ниту јужните соседи, ниту Бугарија или Турција, па дури ниту Шпанија… туку реши да си ја продолжи летната традиција, па по четврти пат замина на летување на една многу, многу подалечна дестинација.

Таа заедно со сестра и Емилија одново уживаа во убавините на Доминиканската Република, зашто, како што велат сексапилните сестри, Доминикана нема мана! Затоа на русокосите убавици и не им здосадува, па секоја година се таму, на преубавите песочни плажи, сино тиркизниот океан и секако, забавата до бесвест.

Крај базенот, со егзотичен коктел, на лежалка, на плажа, Даниела секогаш смела во едноделен костим за капење или секси бикини што ги истакнуваат нејзините облини…

Најпрвин утринска партија шах во која меѓу двете црно-бели кралици, сепак нејзината фигура има најдобра визура. Опуштена до максимум, Даниела знае како добро да се одмори, ама и уште подобро да се промовира. Фолкерката најде начин покрај вокалните квалитети, како да ги истакне и долгите екстремитети, нејзиниот заштитен знак и највпечатливи телесни адути.

Легната во лежалка во вид на огромна корпа, превртена наопаку со нозете во вис, Даниела добро знае како од своите обожаватели да извлече бис, иако не е на настап.

извор: Вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This