СЕКС СКАНДАЛИ ВО НАТО: Северноатлантската алијанса го превзема приматот по секс скандали од Холивуд!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НАТО ја превзема неславната штафета од Холивуд. Северноатлантската алијанса ја зафати бран од секс-скандали. Овие денови мисот на Англија од 2009. Кетрин Хоџ раскажа за бројни сексистички напади и понижувања со кои се соочила за време на службата во војска. Зборовите на оваа „Борбена Барби“ како што ја нарекуваат, ја вознемирија јавноста

„Борбена БАрби“ е надимак која Хоџ го доби откако во својата касарна се појавила на високи штикли и со розев куфер. Нејзиниот нетипичен изглед го дополниле густите вештачки трепки и подебелиот слој на упадлива шминка.

Хоџ била на служба во Ирак, каде добила и орден. Според нејзините зборови, бидејќи колегите сметале дека наградата е незаслужено добиена, почнале да ја понижуваат. Меѓутоа, не завршило само на тоа. Во една прилика во мензата ја гаѓале со конзерва од пијалок, погодувајќи ја во главата. Малтретирањето не завршило ниту кога дала отказ и си заминала од војската. Бившите колеги продолжуваат да и упатуваат навреди преку социјалните мрежи

Атомски подводни бордел на британските вооружени сили

Приказната со Кетрин Хоџ не е најсериозниот скандал во британските вооружени сили. Во октомври 2017.година, целиот свет слушна за „подводниот“ бордел на подмоницата „Виџилант“. Главниот „равратник“ бил капетанот Стјуарт Армстронг, кој спротивно на правилата стапил во сексуални односи со инженерка за техничко одржување Ребека Едвардс. Подоцна се испоставило дека под вода секс имале уште некои офицери и офицерки.

Пентагон сепак на прво место

Светскиот „број еден“ по бројот на сексуални скандали е Пентагон. Во американската војска уделот на жени го чинат 15%. Секоја година повеќе од 5.000 од нив пријавуваат некој вид на злоставување. Еден од најпознатите случаи е кога во 2017. година на социјалните мрежи се појавија голи жени-војници од корпусот на маринци. Секако дека погоелемит дел од нив не ни сонувале дека колегите ги фотографирале. Тогашниот министер за одбрана Џејмс Матис ова случај го нарече „отсуство на почит и човечко достоинство“. Иако веднаш е покрената истрага, до денес не се знае исходот.

На почетокот на февруари 2018. година, американскиот Конгрес доби сведоштва за голем број на силувања и сексуално вознемирување во елитните воени образовни институции, како Вест Поин, на воздухопловните и морнарички академии. Само во текот на минатата година се забележани 50 слични инциденти, што е речиси два пати повеќе од 2016. година. Овој проблем веќе неколку години е застапен во војската, а во 1999.година е снимен филмот „Ќерката на генералот“ во кој главната актерка е жртва на своите колеги од класата, кои групно ја силуваа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This