СЕЛА ГНЕВЕН НА ЗАЕВ: На 27 април речиси ме убиja, сега со амнестиjaта ме убивaaт по втор пат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села еден од главните фактори при формирањето на Владата на Заев и неговото носење на власт, но и човек кој за малку не настрада поради истото при настаните од 27 април. Сега тој е гневен на својот екс коалиционен партнер поради Законот за амнестија за настаните од 27, кој произлезе како дил во замена за уставните измени со одметнатите пратеници од опозицијата.

На својата прес конференција токму во салата за прес конференции за медиуми во Собранието, тој потенцираше дека тој за малку не го загубил својот живот, а сега како што вели Заев го убива по втор пат.

-Токму во оваа сала се случи убиство. На 27 април речиси ме убија, но се спасив. Сега ме убиваат по вторпат, рече Зијадин Села.

-Заев рече дека имало потреба од помирување, но јас би рекол нема мир со злосторници. Оние кои мене ме спасуваа се во затвор, а оние што ги отворија вратите на слобода. Каква иронија, истакна Села.

Според него, срамно е тоа што токму злосторниците се во сала и гласаат, а тие, како што рече, го изготвиле законот за амнестија мислејќи на пратениците од опозицијата кои гласаа за Северна.

Тој е категорично е против закон за амнестија и смета дека оние кои ги отвориле вратите на Собранието на 27 април треба да одговараат, а не да се шетаат слободно. „Ова ли е правна држава, што ја градиме ние?“ праша Села. Затоа, како што нагласи, Алијанса на Албанците нема да биде дел од овој срам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This