СЕЛА ГНЕВЕН НА ЗАЕВ: Јас го направи премиер, а тој се здружи со вториот дел од peжимот и оние кои сакаа да ме yбиjaт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На заедничка прес конференција, лидерите на Беса, Биљал Касами и Алијансата за Албанците, Зијадин Села го претставија нивниот заеднички претседателскиот кандидат, професорот Блерим Река.

Одговарајќи на новинарски прашања,  Зијадин Села изјави дека нема причина зошто би го поддржувал Зоран Заев понатаму, поради тоа што откако тој го направил премиер, Зоран Заев му се оддолжил со тоа што тргнал да ги освојува неговите општини и се здружил со како што вели вториот дел од peжимот, ДУИ. Села директно го обвини Заев дека поддржува kpиминал и го обвини дека се здружил со оние кои сакале на 27 април да го yбиjaт.

На директно прашање на Инфомакс кој кандидат ќе го поддржат доколку професорот Река не помине во вториот круг, Села наместо да одговори се конфpoнтираше со нашиот новинар и посочи дека прашањето е тенденциозно. За разлика од него Биљал Касами е убеден дека Блерим Река е идниот претседател на Република Македонија.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This