СЕЛА: Позицијата „вицепремиер за носење бурек“ ја отстапувам на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијдан Села, по денешната средба со премиерот Зоран Заев, во Владата, изјави дека Алијансата нема да се откаже од Министерството за здравство и дека не прифаќа новоформирани позиции. Тој рече дека Алијансата останува дел од Владата додека трае процесот на реформи.

-Опстојуваме на нашите ставови и нема да прифатиме позиции кои се токмат преку ноќ за да се омаловажува Алијансата. Дадов предлог да се стокми друга позиција заменик премиер за носење бурек, која ќе му ја отстапам на ДУИ. После таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ да именува свој човек – рече Села.

Тој додаде дека одбива да прави договор на договорот, посочувајќи дека при формирање на Владата е предвидено Алијансата да го земе Министерството за здравство.

-Само ако мининистер за здравство биде од Алијаснсата, премиерот Заев ќе покаже дека е сериозен и дека не подлегнува на притисоци. Правдата е целосна ако се однесува на сите, без разлика дали се работи за сегашни или бивши функционери, -подвлече тој.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This