СЕЛА Е НАВИСТИНА ЗБУНЕТ: Зијадин Села упорно тврди дека здравството е на Алијансата, Собранието ќе гласа предлог на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Алијансата на Албанците не го дава министерството за здравство, ниту расправале за излегување или останување во Влада. Централното собрание на Зијадин Села донесе одлука да одржи Конгрес во март, со што во оставка е целото раководство на партијата, кое во следниот период не може да носи никакви одлуки поврзани со делувањето на партијата, вклучително и евентуално ново министерство по предлогот на Заев.

– Министерство за здравство и припаѓа на Алијансатата, Заев не најави реконструкција, ако најави реконструкција, дополнително ќе се произнесеме, изјави Села, објаснувајќи дека Централниот одбор на партијата денес дискутирал на неколку точки на дневниот ред меѓу кои не станало збор за тоа дали ќе се напушти владината коалиција.

Тој најави Конгрес кој ќе се одржи во март, а до тогаш партијата нема да има функционални органи.

Сеуште не е јасно дали Села е информиран за одлуката на Заев и за испратениот предлог до Собранието на Р.Македонија за нов министер за здравство, кој треба да биде изгласан во текот на наредната недела.

Предлогот на Заев е неврохирургот Венко Филипче.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This