Села за прв пат проговори по последните политички случувања и „разделбата“ на Алијанса со Алтернатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, првпат проговори по последните политички случувања и „разделбата“ што оваа партија ја имаше со Алтернатива, која веќе потпиша договор за влез во Владата.

Села посочи дека веќе е создадено разочарување во однос на коалициите, но ниту потврди, ниту пак, демантираше дали ќе има нова коалиција со други партии.

Сега е периодот за извештај што мора да го даде секој огранок на партијата. Овој процес ќе заврши со одржување на Централното собрание на Алијанса за Албанците. Во 2022 година имаме изборна година, конгрес во партијата. Почетокот на оваа година ќе биде со политички определби – рече Села.

Што се однесува до другите политички партии, не знам, направивме коалиции затоа што тоа го побара народот. Сега се гледа дека работите не одат добро бидејќи се создава разочарување, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This