March 28, 2024, 11:58 am

Села и Гаши се пишмaни ја прифaтиja поканата на Axмети, Зaeв извиcи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Алијансата за Албанците и Алтернатива ја прифатија поканата од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо утре, таа да се одржи на друг датум, почнувајќи од 17 август.

– Сметаме дека политичкиот механизам на тркалезната маса е важен политички инструмент за координирање на позициите на албанските парламентарни партии и како таков, сметаме дека треба да продолжи да се негува за артикулација на албанските интереси во Северна Македонија. Размислете за можноста за друг датум почнувајќи од понеделник (17.08.2020) натаму, секако со известување неколку дена претходно со дневниот ред на средбата, се вели во писмото на Алијансата за Албанците и Алтернатива до претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За да имаме суштински и плоден состанок, се посочува во партиското писмо, би било добро поканата да има предлог за агендата, за да, како што велат, имаат појасна идеја за причината за организирање на средбата на тркалезната маса на албанските парламентарни партии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This