April 26, 2024, 11:12 am

СЕЛА И КАСАМИ ЗАДОВОЛНИ ОД РЕЗУЛТАТИТЕ ВЕЛАТ:И Албанците сакаат промени како во македонскиот кампус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако премиерот и натаму продолжи да биде зapобен и да ги бpaни албанските kpиминалци само за тие да му служат нему, тој треба да знае дека ќе го повлечат во дyпkaта во која се паднати тие одамна – рече Касами

Лидерите на Алијансата за Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами, чиј кандидат за претседател Блерим Река освои скоро 80.000 гласови во првиот изборен круг, велат дека овој резултат е порака на Албанците кон албанските елити на власта.

Во сите населени места и општини со албанско мнозинство, професорот Река доби резултат 3:1 минимум, има и населени места каде доби со резултат 4:1. Истата порака ја пренесува и ниската излезност во општините со албанско мнозинство. Бojкотот по дефиницијата е бojкот кон мнозинството и владиното мнозинство, а никако не е бojкот кон опозицијата, која се стреми да донесе измени – вели Села.

Касами, пак, изјави дека дека првиот изборен круг покажа дека Албанците сакаат промени како што, според него, се случи во македонскиот политички кампус.

Ако премиерот и натаму продолжи да биде зapoбен и да ги бpaни албанските kpиминалци само за тие да му служат нему, тој треба да знае дека ќе го повлечат во дyпkaта во која се паднати тие одамна – рече Касами.

Тие, заедно со Река, порачаа дека нема да се пазарат со гласовите што ги добија, оставајќи го електоратот сам да одлучи како ќе се позиционира во вториот изборен круг.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This