Села и Касами нaјавуваат нови амандмани за промена на Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зијадин Села од Алијансата за Албанците и Билал Касами од Беса не се откажуваат од дополнителни амандмани за промена на Уставот покрај оние договорени со Грција за промена на името Република Македонија. Тие најавуваат амандмани со кои албанската заедница би била запишана како државотворен народ на Македонија.

Од Беса и од Алијансата за Албанците засега нема најави дека ќе отстапат од своето барање за додатни амандмани во уставните промени што ќе се поднесуваат на позицијата на Албанците во Македонија, а тука не случајно се споменуваат точките од т.н. Тиранска платформа.

„Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на Уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност да се интервенира во појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти.

Верувам дека сите албански партии кои ја потпишаа Декларацијата во јануари 2017 година ќе стојат на зборот и ќе го променат Уставот со цел и Албанците да ја почувствуваат оваа држава како своја. Албанскиот јазик да биде службен, како што стои во Декларацијата на политичките партии на Албанците, но и што беше дел од Охридскиот договор и преамбулата или државата да биде на сите граѓани или на Македонците, Албанците и другите заедници“, изјави неодамна Биљал Касами од Беса.

Дел од точките на Тиранската платформа се однесуваат и на Уставот на Република Македонија во кој треба да се одреди дека македонскиот јазик и кирилското писмо и албанскиот јазик со своето писмо, се службени јазици во Македонија. Во тој документ потпишан од претставниците на партиите на Албанците во Македонија и од премиерот на Албанија Еди Рама се вели дека е неопходна и „сеопфатна дебата околу знамето, химната, државниот грб, со цел државните симболи да го рефлектираат мултиетничкото општество и етничката рамноправност“.

Зијадин Села неодамна изјави дека Алијансата за Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани.

„Уште еднаш повторуваме дека го поддржуваме договорот со Грција и членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Имаме забелешки во делот каде што се има цел еден дел од народите да биде повеќе истакнат од другите. Мислам на делот што е постигнат во договорот за националноста, во патните исправи, каде што стои Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, ние ќе бараме на тоа место за нас да стои Албанци/граѓани на Република Северна Македонија и така за сите народи што се наброени во преамбулата. Ќе бараме и во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви“, рече Села.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This