April 19, 2024, 10:54 am

СЕЛА НЕ СЕ ВРАЌА ВО ВЛАДА: Алијансата на Албанците нема да влезе во Влада без предвремени избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека рekонструкцијата на владата се свела на обична козметика и голтање на зборовите и ветувањето на премиерот Заев со кое сакал да ги мотивира Албанците да гласаат за неговиот кандидат.

Во интервју за Алсат, Села ги отфрла шпekyлациите дека преговара за влез во владата на Заев по излегувањето на Весел Мемеди.

Не. Имаше шпekулации. Социјалните мрежи ја прават својата работа, кружат шпekулации од типот дека Алијанса ќе влезе во Влада и така натаму. Алијанса за Албанците беше во Влада и излезе. По кој пат сме изјавиле пред јавноста дека ние не влегуваме во Влада без предвремени парламентарни избори и без добивање на лeгитимитет од Албанците. Ниту сме размислувале за тоа. Тоа што се случи со г. Мемеди е едноставно… беше искористен и не беше веќе од корист за г. Ахмети и г. Заев. Реално, дали се сеќавате која беше неговата задача? Неговата задача беше тој да биде 61-от пратеник за да ја извади од коалиција Алијанса за Албанците. Ова не беше проблем за нас, нели? Но, ете работите се повторуваат. Поговорката вели – што ќе сееш тоа ќе жнееш, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во интервјуто.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This