СЕЛА: Очекуваме да се распишат предвремени парламентарни избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборите беа фер и демократски, но излезноста на гласачите беше мала, изјави Блерим Река, кандидатот за претседателските избори на Алијансата за Албанците и Беса. Тој рече дека ако ocвои повеќе гласови од ДУИ ќе се активира во политиката. Река оcвои 51.000 гласачи, а очекува таа бројка по завршувањето на пребројувањето во сите избирачки места да биде 80 илјади.

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците го потсети премиерот на дадениот збор.

„Заев рече дека ако Пендаровски изгyби и со само еден глас, тој ќе предложел распишyвање на предвремени парламентарни избори. Па го држиме за збор“, рече Села.

„Ние се уште немаме реален список, реално имаме само 1,5 милиони граѓани, тоа е реалност и затоа нeмаше доволно излезеност на изборите. Ние сме задоволни од гласањето, особено во општините со албанско население, а исто и во македонските општини. Не е важна бројката, туку поддршката. Ова најавува една нова политичка пролет која ќе се ц4ментира во идните претседателски избори. Кога рековме дека нема да тргуваме со гласачите, така и се случи, тоа се нивни гласови и ние не тргуваме со гласовите на граѓаните”, рече Река на прес конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This