СЕЛА: Платите пониски од 30 000 денари воопшто не треба да се чепкаат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Клик Плус“ на 21 телевизија изјави дека тие како партија се пpoтив намалувањето на платите.

Тој истакна дека со оваа мерка која е предложена од СДСМ, се задира во џепот на граѓаните кои и онака, со примањата кои ги имаат, не успеваат да ги покријат месечните трошоци.

– Не може од овие семејствa да бараш, да во наредните два месеци да живее со минимална плата. Преку оваа мерка се задираат најосетливите граѓани, кои тешко успеваат да му врзат крај со крај на месецот. Ние сметаме дека платите до 30 илјади денари воопшто не треба да се чепкаат, рече Села.

Како причина за што не смее да има ненамалување на платите, тој го потенцираше фактот што месечната потрошувачка кошница во Македонија е зголемена, таа не е намалена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This