Села ќе бара интервенции во Уставот и во пасошите да може да стои Албанци/граѓани на Северна Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека е незадоволен од исходот на лидерските средби и дека интересите на опозицијата во албанскиот блок не била соодветно застапена.

На прес конференција денеска во Собрание тој уште еднаш рече дека го поддржува договорот со Грција, но дека има забелешки.

-Во делот на патните исрави каде стои Македонци/ граѓани на Северна Македонија, ќе бараме за Македнците да биде така, а за Албанците да стои Албанци/ граѓани на Северна Македонија и така за сите народи кои се набројани во преамбулата. Преку процесот на уставни измени ќе бараме во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви. Треба да покажеме европски ставови. Носител на суверенитетот се сите народи и граѓани и тоа треба да се отсликува. Алијанса за Албанците ќе интервенра во делот на Уставот за службените јазици. Поради истите принципи за кои се настојуваше да се брани македонскиот јазик во преговорите со Грција, според исти принципи имаме прав да го браниме нашиот јазик со име и дефиниција. Тој не е различен од македонскиот јазик, туку е албански јазик и тоа треба да биде отсликано во уставот – рече Села.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This