СЕЛА ЌЕ ДОБИЕ УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК: Оcтaвкaтa на Весел Мемеди ќе овозможи Алијанса да добие уште еден пратеник во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оcтавкaтa на пратеникот Весел Мемеди се очекува Собранито да ја прифати на следната седница, но не е познато кога таа ќе биде закажана. Политичките партии различно ja коментираа неговата најава за напуштање на функцијата пратеник и заминувањето од власта.

Весел Мемеди на парламентарните избори настапи на заеднички листи со Алијансата на Албанците, па така според листата доколку Мемеди го напушти пратеничкото место на негово место ќе дојде Арта Точи, од Алијансата за Албанците.

Лидерот на оваа партија, Зијадин Села, вели дека со ова се исправа нeпpaвдaтa.

На нашата партија, пратеничкото место народот и го довери во 2016 година. Постапката на Весел Мемеди не мора да ја коментирам. Неговиот мандат беше мандат на коалицијата „Алијанса за Албанците” и на некој начин се исправа нeпpaвдaтa направена со самиот факт што тој и го сврте грбот на оваа коалиција – изјави Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците.

Мемеди, поради смената на нивниот сопартиец, Сухел Фазлиу од функцијата министер за локална самоуправа соопшти дека оставка си поднеле сите нивни функционери кои беа дел од власта. За СДСМ, право на секој политички субјект е да одлучи дали сака да продолжи со активностите на Владата за подобрување на животот на граѓаните и интегративните процеси.

Промените што ги започнавме се токму во овој правец, преземеме одговорност пред граѓаните дека напредокот на земјата и економскиот просперитет да продолжи уште повеќе. Секогаш постои можност за развивање соработка, но ако некоја од политичките партии во мнозинството не се најде во овој концепт или ги изразува намерите да не биде дел од неа, ние го толкуваме како право на тој политички субјект – велат од СДСМ.

Од ДУИ, оставката на Mемеди ја сметат како избрзана одлука и се надеваат дека ќе ја преиспита одлуката.

Оставката на Весел Мемеди е избрзан чекор и вчерашната изјава не држи, бидејќи ДУИ и СДСМ никогаш немале директен договор во врска со функцијата министер за локална самоуправа. Се надевам дека Весел Мемеди ќе ја преиспита својата одлука и ќе направи соодветна проценка за да биде и понатаму дел од реформскиот процес што го водиме и кој треба заеднички да го завршиме во овој мандат – изјави Артан Груби, ДУИ.

Груби додаде дека на Мемеди му било понудено местото на Зоран Шапуриќ кој досега беше министер без ресор, но тој и неговата партија одбиле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This